Категории

Заслужуваш љубов која ќе ти покаже зошто не ти успевало со никој претходно

Некој кој ќе ти ја врати вербата во се. Во љубовта, во животот и во тебе. 

Ти заслужуваш да се заљубиш во некој кој ќе направи да заборавиш дека твоето срце било повредено.
Некој кој ќе успее да ги пронајде сите скршени делови, парче по парче и повторно да ги состави.
Нема да се чувствуваш како претходно, но сигурно ќе се чувствуваш целосен.

Ти заслужуваш некој кој ќе ти покаже зошто не ти успевало со никој претходно, зошто твоето срце морало да биде скршено.
Некој кој тивко ќе ги замени сите болни сеќавања со убави.
Заслужуваш да се вљубиш повторно. Заслужуваш да пронајдеш некој кој ќе биде среќен што не е твојата прва љубов, туку ќе се моли да биде твојата последна.

Некој кој ќе ти ја врати вербата во се. Во љубовта, во животот и во тебе.
Ти заслужуваш љубов која ќе трае цел живот. Некој кој ќе ти покаже дека те сака со секој нов ден. Со секој нов ден ќе те избира само тебе.

Го заслужуваш својот среќен крај. Некој кој ќе остане покрај тебе и тогаш кога сите патишта ќе го водат далеку од тебе. Но најважно од се е дека ти заслужуваш некој кој ќе те натера да поверуваш дека кога твоето срце било скршено, единствениот кој изгубил бил тој кој што заминал од тебе.

Прегледи:
612
Објавено на:
07.08.2020