Категории

Затоа нејзината кожа изгледа толку добро: Овој ритуал на убавина Џенифер Лопез никогаш не го прескокнува!

За сјајна кожа не ви се потребни скапи третмани

 

Иако важи мислењето дека славните имаат блескава кожа благодарение на скапите третмани и кремите, ова не е ни блиску до вистината. Џенифер Лопез ја сподели нејзината тајна за блескава и младолика кожа.

Таа на добриот изглед може да му заблагодари благодарение на добрата исхрана. Нејзината трпеза е богата со свежа храна, а таа особено го сака овошјето и зеленчукот. Таа исто така пие многу вода.

Позната е како некој кој се грижи за својот изглед и некој кој е дисциплиниран кога станува збор за рутина. И покрај тоа што таа има 50 години, никој не би го помислил тоа од нејзиниот изглед.

Покрај здравата исхрана, Џенифер тврди дека квалитетниот сон е исто така многу важен за здравата кожа. „Нема ништо подобро за кожата отколку добар одмор“, рече таа.

“Мислам дека убавината доаѓа одвнатре и дека најважно е да го усогласите телото со духот. Верувам во медитација и дека кога сте среќни и радосни зрачите со убавина”, вели актерката.

Таа никогаш не оди на спиење без претходно да ја отстрани шминката. Без оглед на сезоната, секој ден нанесува крема со заштитен фактор. Овој крем значително го забавува стареењето на кожата и ја штити од штетните ефекти на околината.

Прегледи:
586
Објавено на:
04.03.2020