Категории

Затоа што ако сакаш нешто, ќе се бориш за тоа со сета своја сила

Секое утро вашата нераскажана приказна има шанса да добие ново продолжение. Без разлика што се случи вчера. Можеби подобра верзија ако одлучите. Со ликовите што ги вметнавте сами. Искуства по ваш избор. Но, едно нешто треба да знаетe дека ишто нема да успее самостојно. Никој нема да остане таму ако не му дадете причина, ако не покажете некое чувство. И ако луѓето не гледаат дека ви е гајле, барем малку. Затоа што ако сакаш нешто, ќе се бориш за тоа со сета своја сила.

Секој ден, луѓето што провоцираат, искористуваат, измамуваат ќе влезат во вашата приказна. Не им давајте многу значење! Ќе ослабите ако ја испуштите целата енергија кон нив. Има само еден начин како да се справите со нив. Влегло низ едното уво, излегло преку другото. Не е лесно, но нема друг начин. И продолжете со оние кои го заслужуваат тоа. На оние на кои им верувате и кои веруваат во вас. На луѓе кои го живеат животот со душа. И смејте се многу! Направете го животот приказна за паметење.

Прегледи:
379
Објавено на:
13.10.2021