Категории

ЗАВРШИ ПИВОЛЕНД- СКОПЈЕ СЕДУМ ДЕНА УЖИВАШЕ ВО ПИВО И ДОБРА МУЗИКА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вчеравечер со настапот на Игор Џамбазов заврши десетиот јубилеен Пиволенд 2017.

Фестивалот оваа година траеше седум дена, а Скопското Кале беше одлична локација за секојдневно разладување од високите температури.

Од понеделник до недела, фестивалот понуди одлична забава за сите генерации, над 120 видови пиво, како и
вкусни гурмански деликатеси. Секој ден беше резервиран за различен жанр на музика, а најмногу внимание привлекоа настапите на Ван Гог, Сарс и САФ.

Организаторите го најавуваат следниот омилен фестивал меѓу скопјани- Вино Скоп 2017 кој ќе се одржи кон крајот на септември.

Прегледи:
330
Објавено на:
14.08.2017