Категории

Зборот „мајка“ е нешто прекрасно и свето – Зборови кои не можат да ја доловат неговата вредност

Затоа што ништо не може да те подигне кога ќе паднеш и ништо не може така да те утеши кога ќе се обесхрабриш како еден нејзин збор, како еден нејзин поглед.

И секогаш кога ќе помислам дека сум сфатил што значи тој збор, таа повторно ме изненадува. Ми ги отвора вратите во еден нов свет, ми покажува една нова перспектива, ме уверува дека во животот постои нешто за кое вреди да се бориш. Само пред мајката сфаќам колку всушност сум мал и колкава е вистинската моќ на искрената љубов.

Има нешто толку големо во зборот мајка, затоа што ништо не може да те подигне кога ќе паднеш и ништо не може така да те утеши кога ќе се обесхрабриш како еден нејзин збор, како еден нејзин поглед.
Само таа може да те крене кога ќе паднеш и да ти покаже дека имаш моќ да го промениш светот и нема причина да се предаваш дури и во најтешките времиња.

Има нешто толку волшебно во зборот мајка, нешто кое те учи дека љубовта е најчудесниот лек и дека се она кое е лошо ќе помине кога ќе одлучиш да направиш нешто прекрасно за некој друг.
Барајќи го своето место под сонцето сфаќаш дека единствено мајчината прегратка е нешто од кое никој не може да те избркат и нешто во кое целиот живот ќе се враќаш кога ќе ти биде тешко и кога ќе помислиш дека сите се против тебе.

Зборот мајка е нешто толку моќно, нешто кое ти дава сила да се издигнеш повторно дури и кога си паднал на земја. Не заборавај да и се заблагодариш за сето она кое го имаш, затоа што првото нешто кое си го чул било отчукувањето на нејзиното срце, и првиот допир ти бил од нејзините дланки. Не заборавај, тоа срце и дланки за тебе секогаш ќе имаат место!

Прегледи:
2114
Објавено на:
13.05.2020