Според мислењето на психолозите кои се занимваат со темите на љубовните односи, постојат јасни показатели кои го разоткриваат специфичното однесување на партнерот и сигнализираат дека нештата помеѓу вас кои сте во врска, не стојат баш најдобро.
Токму следните фрази се сигурен доказ дека вашиот партнер повеќе не е вљубен во вас.
„Не сум должен да ти објаснувам“
Ова е доста честа фраза која сигнализира дека во врската постои проблем не само во комуникацијата туку и потполното отсуство на неа. Секако дека здравиот однос со партнерот не подразбира полагање сметка за секој чекор, што е карактеристично за опсесивен и посесивен љубовен однос. Меѓутоа, сосема е нормално во одредени ситуации со саканата личност да размените мислења.
Доколку партнерот на секое прашање и интересирање, во поглед на случувањата во неговиот живот одговара на овој начин – дека не е должен да ви објаснува – тогаш тоа е јасен знак дека спрема вас повеќе не гаи искрени љубовни чувства.
„Тоа не е мој проблем“
Љубовната врска која се потпира на сигурни темели значи делење не само на убави и слатки мигови туку и заедничко решавање на проблемите и она што можеме да го наречеме, чекорење по трња.
Дури и кога нашиот проблем нема конкретна поврзаност со партнерот, тоа не значи дека саканата личност не треба да ни помогне со разговор и совет како треба да се поставиме во одредена ситуација. Меѓутоа, доколку наместо разбирање и поддршка, добивате само едно кратко и јасно „Тоа не е мој проблем“, тоа значи дека вашиот партнер не се грижи премногу за вас нити за вашите проблеми.
„Ако не ти се допаѓа, најди некој друг“
Од личност со која сте во љубовна врска и која наводно ве сака, последното нешто кое треба да го очекувате, без претерани емоции на среде банална расправа, да ви каже дека слободно можете да пронајдете некој друг. Едноставно не постои логика по која некој на кому му е грижа за вас би ја изговорил оваа реченица.
„Прави што сакаш“
Дистанцираноста и индиферентноста на партнерот во врската се показател дека неговите чувства спрема вас се променети.
Било да го прашате за совет кој фустан да го облечете или сакате да ви помогне во одлуката да ја промените работата, ако неговиот одговор е „Прави што сакаш“, тогаш тоа е јасен знак дека нема желба да одлучува за било што со вас.
„Не ти верувам“
Освен што ова во поедини случаи е показател дека вашиот партнер нема самодоверба, фразата „Не ти верувам“ може да значи дека партнерот смислува изговори со цел да ве дискредитира во врската и однапред да ве обвини за евентуалното раскинување, правдајќи се дека со тоа не сте ја заслужиле неговата доверба. А всушност се работи за тоа дека повеќе не гаи исти чувства спрема вас.