Категории

Зборови на кои паѓа секој хороскопски знак

За секој хороскопски знак постои комплимент кој буквално ќе го “фрли“ на колена. Важно е само да ги пронајдете вистинските зборови…

ОВЕН

“Брилијантно! Никој не сум видела да го направи тоа!“
Енергичен и полн со идеи, Овенот е роден лидер. Тој мора да биде признаен, па затоа од време на време потсетете го на тоа.

БИК

“Колку убаво и сензуално!“
Никој не ја цени убавината повеќе од Бикот. Ако подели со вас некоја своја идеја, немојте да го оставите без позитивен коментар.

БЛИЗНАЦИ

“Кој е следниот твој чекор?“
Близнаците се извор на нови идеи. Креативноста е она што нив ги стартува. Затоа обидете се да ја разгорите кај него желбата да направи нешто ново и уникатно.

РАК

“Денес ќе ти подготвам вкусна вечера.“
И покрај тоа што Ракот сака да готви, неговото срце ќе го освоите преку стомакот. Колку повеќе се грижите за него, толку повеќе внимание ќе ви посветува.

ЛАВ

“Не можам да престанам да ти се воодушевувам!“
Никој не го сака успехот и вниманието повеќе од Лавот. Додека му давате комплименти, тој ќе ве обожува.

ДЕВИЦА

“Немам трпение. Те молам помогни ми да сфатам!“
Девицата е олицетворение на смиреност и сака да ја анализира секоја ситуација. Не постои задача која не сака да ја реши. Па ќе биде среќен бидејќи ви е потребна негова помош.

ВАГА

“Потребно ми е твоето мислење.“
Дајте му можност да биде дел од некоја важна работа и ќе забележите сјај во неговите очи.

ШКОРПИЈА

“Ти си единствениот со кој можам да зборувам за тоа…“
Шкорпијата ја цени искреноста и почитувањето. Кога со него ќе поделите тајна, веднаш почнувате да го освојувате неговото срце.

СТРЕЛЕЦ

“Ајде да се спакуваме и да одиме негде!“
Дури и да не можете да заминете веднаш, таа ваша идеја ќе го загрее срцето на Стрелецот. Тој сака авантури па оваа ваша желба ќе го освои.

ЈАРЕЦ

“Никој не може да направи да се чувствувам добро како што тоа го можеш ти.“
Малку ласкање упатено на негова сметка ќе ја зголеми неговата желба да работи напорно за вашата среќа.

ВОДОЛИЈА

“Ќе биде ли подобро ако направиме нешто поинаку?“
Водолијата има потреба да излезе од рамките на обичното. Ако успеете да го натерате да се чувствува дека направил нешто што друг не го успеал, тој ќе биде само ваш.

РИБИ

“Со тебе се чувствувам многу подобро.“
Чувствителноста оди под рака со Рибите. Дозволете му колку што е можно повеќе да чувствува дека е емотивно поврзан со вас и ќе има сила да ве прави среќна.

Прегледи:
765
Ознаки:
Категории:
Хороскоп
Објавено на:
11.02.2016