Категории

Здрав почеток на денот: 4 идеи за совршен појадок!

Ви предложуваме неколку опции за здрав, вкусен и едноставен појадок.

Овесна каша

Овесната каша е најдобро да се подготви претходната ноќ и да се остави во фрижидер во текот на ноќта. Овој појадок е вистинска протеинска бомба, со која можете да комбинирате многу намирници. Во чинија ставете ги овесните снегулки, млеко, две лажици јогурт и бадеми. Наутро можете да додадете и свежо овошје. Ваквиот појадок ќе ви даде енергија за цел ден.

Протеински палачинки

Протеинските палачинки можете да ги направите од овесни снегули, посно сирење, сурутка и белки. Се подготвуваат на ист начин како класичните палачинки, а можете да ги јадете со најразличен фил. Обидете се со пасирани боровинки или путер од бадеми/кикирики и банани.

Фритата

Овој појадок е сличен на класичнот омлет, но состојките (зеленчук по желба, сирење) се мешаат со изматените јајца, па потоа заедно се печат. На јајцата се додава лук, маслиново масло и исецканиот зеленчук и на крај сето тоа се прикрива со сирење и се потпекува во рерна.

Тост со авокадо

Иако е скапа, оваа намирница е исклучително квалитетна. Богата е со калиум и магнезиум кои допринесуваат за намалување на крвниот притисок. Предлагаме да го излупите и изгмечите авокадото, додадете малку сол, бибер и лажичка сок од лимон и нанесете го овој намаз на тост. Или можете да го искомбинирате авокадото со туна или хумус. Вкусен е во секоја варијанта.