Категории

Здрави кнедли со сливи: Вашиот омилен десерт кој можете да го јадете без грижа на совест

Обидете се со малку поинаква комбинација на состојки за кнедли од сливи кои сигурно ќе ве воодушеват.

Состојки:

  • 500 грама компир
  •  50 грама пченичен гриз
  • 100 грама полубело пченично брашно
  •  6 големи лажици ару во прав
  • Малку сол
  • ½ лажички цимет

Полнење:

  • 4-5 поголеми сливи или 8-9 помали
  • 1 лажичка цимет

Посипување:

  • 2 лажици масло од кокос
  • 12-14 големи лажици рендан кокос
  • 6-8 лажици шеќер
  • 1 лажичка цимет

 

Подготовка:

Нелупени компирите ставете ги во рерна загреана на 2000C. Печете додека не омекнат – проверете ги со вилушка. Изладете ги компирите, излупете ги и ставете ги во тава и испасирајте ги со вилушка. Додадете ги гризот, брашното, ару во прав, солта и циметот.

Со раце замесете го тестото да биде меко, доколку има потреба додадете уште малку од ару правот и брашното. Поделете го тестото на 8-9 топчиња.

Измијте ги сливите, исушете ги, преполовете ги и отстранете ги семките.

Ако сливите се големи, исечете ги на четвртина. Доколку сакате, зачинете со една лажичка цимет.

Израмнете ги топчињата тесто со рацете и пополнете ги со сливи и потоа формирајте топки. Во поголема тава, загрејте ја водата до вриење.

Додадете малку сол во водата.

Во зовриена вода ставете ги кнедла по кнедла и варете 9-10 минути, или додека кнедлите не лебдат на површината. Кога ќе излезат на површина, варете ги уште 2-3 минути.

Загрејте го маслото од кокос во тава, додајте го кокосот, шеќерот и циметот.

Постојано мешајте и пржете додека кокосот не поцрвени. Извалкајте ги варените кнедли.

Добар апетит!❤

Прегледи:
446
Објавено на:
02.09.2019