Кошаркарот на Минесота, Зек Лавин ја одбрани титулата во забивање на НБА „Ол-стар“ викендот кој се одржува во Торонто.
Со спектакуларно забивање, Лавин заработи максимални 50 поени од стручното жири, сочинето од НБА легендите: Меџик Џонсон, Шекил О’Нил, Трејси Мекгрејди, Дикембе Мутомбо и Џорџ Грејвин.
Лавин во финалето го совлада Арон Гордон од Орландо, кој исто така имаше атрактивно забивање и тоа преку маскотата на својот клуб.