Категории

Зеленооките да избегнуваат сребрена шминка, а оние со темни очи може да експериментираат

Ова се трикови кои ќе ви помогнат да дознаете како преку шминка образите да ви изгледаат прекрасно, а исто така кои се правилата за синооките девојки…

Доколку се прашувате зошто на вашата пријателка убаво и стои новиот тренд во шминкањето, а вам не, тоа е веројатно затоа што имате поинаков облик на лице. Со овие совети ќе заблескате и ќе ги истакнете своите адути.

Потребни ви се само два праоизводи: хајлајтер и производ за контурирање како што е темна пудра или мат бронзер кој ги потемнува оние делови од лицето кои сакаме да ги прикриеме.

Постојат четири основни облици на лицето: долгнавесто, округло, четириаголно и срцевидно, а за секој обли треба посебен третман. 

Трик за зголемување на образи

Теоријата за осветлување односно контурирање се темели врз осветлување на деловите на лицето кои сакаме да ги истакнеме или зголемиме. За да ги зголемите јаболчниците, на нивниот врв нанесете хајлајтер.

Правила за синооките девојки

Доколку имате сини очи, држете се до розовата и кафеава боја на сенки, а навечер нанесете „smokey eyes“ во сиви и виолетови нијанси, а можете да се пиграте и со сина маскара. Сините очи особено ќе привлечат внимание со остри црти направени со помош на туш.

Доколку имате зелени очи, никогаш не нанесувајте сребрена боја

Оние со зелени очи можат да си поиграат со нијансите на виолетова, но секако избегнувајте сребрена боја. Доколку сакате да експериментирате со металик боите, тогаш изберете бронзена или златна.

На оние со темни очи, им одговара секоја боја

На оние со темни очи највеќе им одговара сива и зелена сенка како и сенка во боја на слива. Темните очи одлично се вклопуваат со златните нијанси, а за оваа боја на очи најлесно е да се избере правилна боја на сенка, маскара и моливче за очи, бидејќи сите нијанси им одговараат.