Категории

Земјата што има министерство за среќа

Среќата е толку важна во Бутан, што правото на неа е истакнато во уставот, постои министерство за среќа, а на секој попис (ако ви текнува што е тоа) задолжително ги прашуваат граѓаните дали се среќни.

Во пописот спроведен минатата година, 35% од граѓаните на Бутан одговориле дека се „многу среќни“, 47,9% се чувствувале „умерено среќно“, а само 8,8% се изјасниле како несреќни.

Среќата е еден од главните приоритети на националната политика на Бутан, заради што е основано и министерство за среќа, а како индикатор за благосостојбата на земјата се користи бруто национална среќа, концепт кој настанал во 1972-ра година како противтежа на бруто домашниот производ. „Треба да им помогнеме на нашите деца да сфатат дека она што го сакаат во животот…е среќа.

Не можеме да ја спречиме телевизијата, не можеме да ги спречиме рекламите, но можеме да им дадеме силна доза на друг вид искушенија – искушенија да бидат добри“, рекол Лиончоен Јигме Ј. Тинли, првиот премиер на Бутан.

Властите на Бутан сметаат дека освен единствениот систем на вредности, граѓаните се усреќуваат и заради природата.

Затоа земјата изобилува со зеленило и здрави еко-системи, шумите не се сечат, а граѓаните се трудат за засадат што повеќе дрвја. Ловот на скоро сите животински видови е забранет, во склад со будистичката филозофија.

Прегледи:
493
Категории:
Занимливости
Објавено на:
06.02.2016