Категории

Зендаја за прв пат позираше за насловната на Vogue

Дизни ѕвездата како што полека почна да се искачува во филмскиот свет, така почна да нижи и модни успеси, за својата првата насловна за ‘модната библија’ беше фотографирана од легендарниот Марио Тестино.

За американскиот Вог, популарната ѕвезда се отвори за своите филмски ангажмани и како таа ужива да се трансформира од еден лик во друг, а за тоа сведочеше и малата фотосесија која ја направи за списанието променувајќи неколку различни стајлинзи во парчиња на брендот Dolce&Gabbana. 

20-годишната актерка проговори и за својата прва љубов стилистот Лау Роуч со кого е во врска, и за нејзиниот ангажман како продуцент новата Дизни серија во која и таа учествува.

Прегледи:
452
Објавено на:
17.06.2017