Шведската полицајка која не била на должност го шокирала џепчијата кој пробал да ја ограби нејзината пријателка додека одморале во паркот во Стокхолм.
Имено, Микела Келнер била облечена во бикини кога успеала да го совлада крадецот.
Оваа згодна бринета веќе 11 години работи во полицијата, па овој крадец изгледа навистина немал среќа штом налетал на неа. Тој најпрво им пристапил барајќи им пари, по што нејзината пријателка забележала дека и недостасува мобилниот телефон.
“Изреагирав инстинктивно и не размислував многу за тоа додека не го совладав. Кога седнав врз него, се свртев наоколу и видов дека луѓето ме гледаат чудно. Беше тоа една смешна ситуација”, вели Келнер.
Таа трчала 15 метри по џепчијата и успеала да го стигне, а потоа го држела на земја додека не пристигнала полицијата која го уапсила и официјално.
Фотографиите од ова апсење станаа хит на интернетот, откако таа ги објави на Инстаграм.
“Би го направила тоа повторно без разлика во каква облека сум во моментот, па макар била и гола. Ништо не може да ме спречи”, вели Келнер.
Покрај тоа што ја чува сигурноста на граѓаните и градот, Келнер се занимава и со фитнес, како и кревање на тегови.