Категории

Зграда со 1.000 дрвја за позелен Париз

Архитектонските компании “OXO Architects” и “Sou Fujimoto Architects” го претставија проектот “Mille Arbres” (Илјада дрвја) кој победи на конкурсот “Réinventer Paris” за локацијата Першинг. Предлогот предвидува голема структура од стакло на чиј кров ќе се наоѓаат илјада различни дрвја.

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго во ноември 2014 година ги повика архитектите да смислат планови за бројни локации ширум градот, од старите железнички станици до историските вили.

На конкурсот биле пријавени 815 проекти за 23 локации низ Париз и 17 тимови за локацијата Першинг, додека во финалната фаза влегоа четири престижни компании.

“Град како што е Париз мора да биде во состојба да се прилагоди на секој момент за да одговара на предизвиците кои му се поставуваат. Важно е во светот каков што е денес да се пронајде заеднички начин на функционирање кој ќе ја диктира иднината на метрополите”, вели Ан Идалго.

zgradasa1000stabalazazelenijipariz2

Иновативниот и амбициозен проект “Mille Arbres” се заснова на повеќенаменска градба која ќе опфаќа простор за живеење, канцеларии, продавници, хотели и културни установи. Кровот на зградата покрај еколошките дрвени објекти за живеење, ќе го прикрива цела шума која ќе донесе биодиверзитет во овој урбан крај на Париз.

zgradasa1000stabalazazelenijipariz3 zgradasa1000stabalazazelenijipariz4 zgradasa1000stabalazazelenijipariz5 zgradasa1000stabalazazelenijipariz6 zgradasa1000stabalazazelenijipariz7 zgradasa1000stabalazazelenijipariz8

Прегледи:
534
Објавено на:
21.03.2016