Категории

Жена со хиперактивност и растројство на вниманието раскажува како е да се живее со ова растројство

Растројство на вниманието и хиперактивност, или на англиски Attention deficit hyperactivity disorder – ADHD, е едно од најчестите невробихејвијорални растројства кај деца. Иако најчесто се дијагностицира кај деца, често останува и во возрасниот живот на луѓето. ADHD се карактеризира со проблеми со внимание, контролирање на импилсивно однесување, и хиперактивност. Но, има многу повеќе од само тоа.

Медицински, симптомите на ADHD може да се категоризираар во два вида на бихејвијорални проблеми: 1. невнимание, 2. хиперактивност и импулсивност. Експертите за ментално здравје викаат дека повеќето луѓе паѓаат под овие две категории заедно, но не секогаш. Ако некој пати само од невнимание, без хиперактивноста, проблемот може често да остане недијагностициран, бидејќи симптомите не се преочигледни. Тогаш се работи само за растројство на вниманието – Attention Deficit Disorder (ADD).

Всушност, луѓето кои не патат од ADHD или ADD не можат точно да разберат како функционира мозокот на личност со ова растројство. Една корисничка на Твитер отвори јавен „исповед“ за тоа како е да се живее со ова растројство. Таа го вика следново:

„Треба да почнеме да ја нормализираме ADHD како сериозен проблем во учењето, кое што вклучува сензитивност на светло и звук, депресија, неадаптивно фантазирање, нечитање на социјлни ситуации, немир, и неможност на направиш било што, без одредена причина.
ADHD вклучува: тегоби со математика и со ментална математика, хиперфиксации, нездраво врзување кон објекти, јадење само на одредени видови на храна, анксиозност, нервоза, опозиција кон авторитет, потреба од индивидуалнст итн.
УМОРЕНА сум од тоа што луѓе мислат дека ADHD се сведува на: „Хаха, птица ми го одзеде вниманието! Гледај, пеперутка! Колку брзо ми трне ногата!“ итн. Луѓе со ADHD имаат сериозни проблеми кои доаѓаат со ова растројство.“.

ADHD Not a Learning Disability?

Луѓето имаа што да надополнат:

„Како дете ми дијагностицираа ADHD и ми кажаа дека ќе ми влијае само врз вниманието. Правев се’ исто како ова што го опишуваш, и мислев дека сум здодевна, само затоа што никој не ми објасни.“
„Кога имаш ADHD и кога сакаш нешто да го направиш, го правиш без да се грижиш за било што од околу, секогаш е како еднонасочен вектор, и сепак не можеш ништо да завршиш бидејќи се уморуваш и добиваш burn out.”
„Ми треба индивидуалност, но едновремено и се плашам да правам сама било што, бидејќи заборавам се’. Имам аларми за кога да јадам, кога да почнам да се спремам за на работа…“

 

 

Прегледи:
609
Категории:
Здравје
Објавено на:
02.10.2020