Категории

Женска дилема: Дали тој се грижи за вас и го интересира што чувствувате?

Ако сакате вашиот емотивен однос да стане сериозен, кажете му го тоа отворено, исто така најдобро е јасно да му дадете до знаење каква врска посакувате.

Колку пати сте се запрашале дали вашиот партнер се грижи за вас и во кој правец оди вашата врска. Ова се начините да откриете.
Ако мислите дека е време да го запознаете со вашите родители, прашајте го дали сака сите заедно да одите на вечера, но кажете му дека е во ред доколку тој сеуште не е подготвен за тоа. Ако сакате вашиот емотивен однос да стане сериозен, кажете му го тоа отворено, исто така најдобро е јасно да му дадете до знаење каква врска посакувате, и што за вас претставува посветеноста и љубовта, и тоа без условување.

Доколку тој сеуште не е подготвен за толку „тежок“ разговор, дајте му шанса да размисли неколку недели. Ако и понатаму избегнува да разговара на таа тема, тогаш морате сериозно да размислите за вашата врска, дали сакате покрај себе посветен и одлучен маж или овој кој веќе го имате.

Прегледи:
634
Објавено на:
18.05.2020