Категории

Жeжок трeнд: Тексас шорц

Максимумот на температурите ја предизвикува модата на мини парчињата па така и ова лето деним шорцевите се нај жешкиот тренд. Иако летото е препознатливо по долгите лелеави фустани и здолништа од шифон и органски материјали, вискоза и лен, сепак тексас шорцевите храбро парираат на сите ови модни парчиња иако тексасот е густ материјал кој за некои можеби изгледа премногу несвојствено. Тексас шорцевите се парче обкела кое е едноставно безвременско а изборот при комбинирање е неограничен.. Од патики до високи потпетици веднаш можете да направите пресврт од лежерно во елегантно, и да доколку додадете и блејзер тогаш можете да постигнете вистински префинет изглед.. Погледнете ја галеријата во која припремивме палета комбинации со тексас шорцеви и инспирирајте се да ја создадете и вашата омилена комбинација.

Прегледи:
703
Објавено на:
21.07.2016