Категории

Живеењето на животот од соништата не е само патувања и купување скапи работи

Живеењето идеален живот не значи секое утро да се будиш на нова дестинација и да можеш да си дозволиш брендирана гардероба.. 

Живеењето идеален живот не значи само патувања, купување скапи работи..
Тоа може да значи живеење според твојот потенцијал, правење на нешта кои си замислувал дека ќе ги правиш некогаш во иднина, наместо да ги оставаш за некое подобро време, превземаш ризик и ги правиш токму сега.

Ценење на нештата кои ги сакаш, опкружување со луѓе кои го вадат најдоброто од тебе, правење нешта кои те исполнуваат со среќа секој ден.

Живеењето на идеален живот е субјективно, секој од нас има различно мислење за тоа што е она кое го прави среќен, тоа е достигнување на нови нивоа на растење и созревање и вљубување во животот, повторно и повторно.