Категории

Живееш само еден ден – Денес!

За да живееш вистински, мораш да живееш денес. 

Во едно мало село живеел некој стар мудар човек. Имал 90 години, а изгледал задоволен и среќен. Тогаш некој му рекол: „Си проживеал убави години и долг век.“
Старецот повлекувајќи дим од своето луле одговорил: „Живееш само еден ден.“

На тоа го научил животот.
Живееш само еден ден, денес!
За да живееш вистински, мораш да живееш денес.
Животот е краток и поминува брзо. Ако не живееш денес, си изгубил ден. Немој да ја замрачуваш твојата душа со страв и грижи за утрешноста. Не оптеретувај го своето срце со вчерашноста. Живеј, денес!
Мисли спокојно на она доброто од вчера, сонувај убави нешта кои би можеле да ти го донесат утрешниот ден. Но немој да се изгубиш во тоа „вчера“ или „утре“. Живеј денес!

Прегледи:
618
Објавено на:
20.04.2020