Категории

Живеј мирно – цветовите сами ќе процветаат

Секогаш гледајте на светлата страна на нештата. Ако не можете да го сфатите тоа, полирајте го она кое го изгубило својот сјај се додека не почне да сјае.

Зен будизмот не ја бара смислата на животот – наместо тоа, ни помага да ги совладаме животните потешкотии.

Тој не учи да бидеме трпеливи, да обрнуваме внимание на она кое се случуваме во секој миг и да се сконцентрираме на овде и сега.
Ова се 25 делови на Зен будистичката мудрост. Сметаме дека тие можат да ви го покажат патот спрема поинаквиот поглед на животот, кој може да ви даде одговори на многу важни прашања со кои ќе се соочите.

1.Искушението да се откажете е најсилно баш пред победата.

2.Целта во животот е да се умри млад, што е можно подоцна.

3.Не зборувај ако тоа не ја подобрува тишината.

4.Патувањето од илјада милји почнува со првиот чекор.

5.Силниот човек ја совладува препреката, мудриот човек го преминува целиот пат.

6.Не плашете се да одите пополека. Плашете се да застанете.

7.Дури и среќата на будалите е глупава врста на среќа.

8.Дури и ако се сопнете и паднете, тоа не значи дека сте одбрале погрешен пат.

9.Колиба полна со смеа е побогата од палата полна со тага.

10.Секогаш гледајте на светлата страна на нештата. Ако не можете да го сфатите тоа, полирајте го она кое го изгубило својот сјај се додека не почне да сјае.

11.Што и да се случува, секогаш се случува во вистинско време.

12.Некој кој ги истакнува вашите недостатоци, не е секогаш ваш непријател. Некој кој зборува за вашите доблести, не е секогаш ваш пријател.

13.Не плашете се од она кое не го знаете. Плашете се дека нема да научите.

14.Добриот учител ќе ви ја отвори вратата, но морате самите да влезете во просторијата.

15.Ветрот вее, но планините остануваат.

16.Живеј мирно, ќе дојде време кога цветовите сами ќе процветаат.

Прегледи:
470
Објавено на:
20.02.2020