Категории

Живеј за миговите кои ќе ти докажат зошто си морал да поминеш низ потешкотиите

Живеј за тие мигови кога сите коцки ќе се наредат и ќе ти стане јасно зошто кога си посакал да се откажеш од се, нешто во тебе тивко шепотело да издржиш уште малку.

Живеј за миговите во животот кога се оди толку бавно а сепак толку брзо.
Кога си во мир со себеси неколку часови затоа што си со луѓето кои ти значат, било да е некој кого го сакаш или едноставно само со себеси. Било да читаш, пишуваш, гледаш филм или седип со својот најдобар пријател во два часот по полноќ и јадете сладолед, црташ со својата сестра или шеташ низ празните улици на градот.

Било да е ноќен разговор по телефон со драга личност или танцување на омилената песна, или гледање на зајдисонцето..
Живеј за сето тоа.

За малите едноставни нешта, добрите часови кога ништо не боли и веќе не ги проколнуваш ѕвездите што не ти ги оствариле сите желби или тоа што никој не ти кажал дека се ќе биде добро и не ја држел твојата дланка додека си мислел дека сиот свет се распаѓа.
Живеј за часовите кога можеш да дишеш слободно, кога помислуваш на сите оние мигови кога си посакал да се откажеш од се, и тие мигови биле причината зошто нешто во тебе тивко шепотело да издржиш уште малку.

Прегледи:
546
Објавено на:
26.06.2020