Се сеќавате ли на хартиените кукли кои ги сечевме и потоа ги облекувавме со помош на мали парчиња хартија? Токму тие беа главната инспирација за колекцијата пролет/лето 2017 која брендот Moschino ја претстави на Миланската модна недела.
Раскошните trompе l’oеil тоалети, блузи и костими за капење на пистата беа претставени од најпопуларните модели како Ирина Шајк, Џиџи и Бела Хадид, Eлса Хоск и бројни други. Како и вообичаено, Jеrеmy Scott си поигра со мотивите на популарната култура, притоа критикувајќи го консумеризмот, што уште еднаш докажа дека тој е совршен избор за овој италијански бренд.