Легендите зборуваат дека животните може да ги предвидат природните катастрофи и откријат болести, а наука сега ја докажува и вистинитоста на овие приказни. Ако научиме на правилен начин да ги набљудуваме овие животни, можеби однапред ќе планирам некои ситуации.
Кучиња
Кучињата можат да го намирисаат ракот на простата с прецизност од 98%, открива Американската уролошка асоцијација. Кучињата имаат околу 200 милиони олфакторни ќелии во нивните носови, во однос на нашите 5 милиони. Нивното фантастично сетило за мирис помага кај откривање на канцерите.
Мачки
По стравотниот земјотрес во Јапонија во 2011 година, Хиројуки Јамаучи од државниот Тсинг Хуа Универзитет спровел студија за тоа како мачките реагирале пред самиот земјотрес. Открил дека некои мачки, дури шест и повеќе дена пред разорниот земјотрес, се однесувале невообичаено и биле поприлично нервозни Научниците веруваат дека мачките може да ги претчувствуваат земјотресите поради тоа што имаат подобар слух од луѓето. Исто така, тие можат да откријат промени на атмосферскиот притисок, гравитацијата и деформацијата на земјиштето.
Крави
Јамаучи и колегите откриле исто така дека кравите се однесувале поинаку неколку дена пред земјотресот до 9 степени. Кравите го намалиле производството на млекото шест дена пред земјотресот. Намалување на производството се продолжила и во следните четири дена.
Пчели
Дали сте забележале дека пчелите ги нема никаде пред да заврне? Тие ја чувствуваат промената на влажноста на воздухот и се скриваат во кошниците пред да почне да врне.
Бубамари
Ако забележите дека бубамарите се групираат, голема е веројатноста дека наскоро ќе настапат големи жештини. Тие се собираат за да ја сочуваат влажноста на телото и така се чуваат едни со други.
Ајкули
За разлика од претходните животни, ајкулите немаат намера да бегаат или се нервираат поради претстојните катастрофи. Тие го бркаат невремето. Ајкулите ја бараат големата промена на температурата на водата, што токму невремето ја иницира. Следење на ајкулите може да помогне во предвидување на локацијата на која ќе се појави невреме.
Овошни мушички
Како и кучињата, овошните мушички може да го намирисаат ракот на многу мал број на ќелии. Всушност, тие можат со помош на мирис да препознаат и разликуваат ќелии од рак од здравите ќелии.
Гризли
Гризли има неверојатно сетило за мирис и може да намириса човек и на 25 километри оддалеченост. Истото сетило со помош на другите сетила им помага да ги откријат претстојните невремиња и другите природни катастрофи.