Случувањата во вашиот живот кои често изгледаат сосема случајни, во позадина можат да бидат испреплетени со различни скриени причини..
Кога ќе го прифатите фактот дека се во животот се случува со причина, ќе почнете да гледате на него со други очи. Нити една средба, личност или настан не е случаен. Сите тие се само алки во синџирот кој води кон нешто многу поголемо, нешто посмислено.
Грешките, разочарувањата и тагите водат кон нови искуства и нови прилики, можности да научите нешто ново и да стекнете некоја важна поука. Сите тие играат улога во остварувањето на некоја поголема и поважна цел.
Вашето преродување ќе започне кога ќе почнете да гледате на сето тоа како на нешто кое било предодредено да се случи затоа што за вас е предодредена поголема цел која морате да ја постигните. Никој не дошол на овој свет без причина, порано или подоцна се добива своја смисла.