Престани да чекаш дека еден ден ќе ги добиеш сите одговори и магично пред тебе ќе се појави мапа која која ќе те насочи до совршениот живот.
Ако мислиш дека постојат некои чудесни начини, тајни за успех и скриена поента на животот, знај дека сето тоа е лага. Не постои еден единствен одговор кој ќе ги реши сите проблеми нити конкретни насоки кои ќе те одведат до посакуваната цел. Никој не го открил тоа затоа што воопшто не постои. Престани да чекаш дека еден ден ќе ги добиеш сите одговори и магично пред тебе ќе се појави мапа која која ќе те насочи до совршениот живот.
Ниедна книга нема да те научи како да станеш побогат, поуспешен, посреќен или како да ги поседуваш сите најдрагоцени нешта на светот. Се што ти треба веќе ти е достапно и го поседуваш. Тоа се твоите мисли и твоето тело. Потребна е само силна верба да се натераш себеси да тргнеш во потрага по остварувањето на своите желби.
Сите тие големи луѓе на кои им се восхитуваш го поседувале само тоа, ништо повеќе и ништо помалку. Она што ве дели е интензитетот на мотивација и страста да ги следите своите соништа.
Животот ја има онаа смисла која ќе му ја дадеш ти.