Категории

Животот секој ден ви дава знаци дека ви подготвил многу убави мигови

Секое утро чувствувам дека е време да се вратам на убавите работи, едноставноста и мирот. Она што ми го исполнува срцето. Животот дискретно ми дава знак дека ми подготвил нова доза убавина. И да ги оставам тие стари работи кои само ме прават немирен. И се приврзав за нив. Вечерта сè е некако полно со прашања, тага, неодреденост. А наутро како се да си седи само по себе а одговорите доаѓаат од сите страни, и сè станува многу појасно.

Сфатив дека мојот свет веднаш станува подобар кога ќе имам малку доверба во животот. Кога не гледам само што тргнало наопаку и кој ме повредил. Има една гума што ќе го избрише сето тоаа таа се вика време. Најлошо е да се движите напред и постојано да гледате наназад. Треба еднаш да расчистите со себе. Сакате среќа или не? Нема живот кога си тука и таму во исто време. Одлучете се цврсто. И тогаш одете по животот кој го сакате и заслужувате.

Прегледи:
386
Објавено на:
30.01.2022