Категории

Зидан е разочаран, свика итен состанок

Зинедин Зидан е разочаран од реакцијата на фудбалерите по заминувањето на Бенитез.

Всушност, сфати дека проблемот не е во тренерот туку во меѓусебните односи во соблекувалната.

Како што пишуваат шпанските медиуми, Зидан побарал итна средба со Перез и капитенот на мадридскиот состав, на која ќе се разговара за сериозните проблеми.

Французинот, по се изгледа на средбата ќе го најави своето заминување од Мадрид доколку нема никакви промени.

Зидан е разочаран од односот кон лигата, а и колегијалноста по враќањето од Канарските острови, кога во авионот не проговори со ниеден од фудбалерите и покрај среќната победа над Лас Палмас од 1:2.

Прегледи:
448
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
18.03.2016