Категории

Зимска идила: 8 дестинации за љубителите на снегот!

Дури и оние кои не ја сакаат зимата ги обожаваат овие прекрасни градови. Зимската идила е најмногу присутна на овие осум дестинации кои се посетувани од многубројни туристи. И кога ќе падне првиот снег, овие места се полни со луѓе кои уживаат во природата и магијата на зимската бајка.

Алта Бадиа – Италија

Одморот во едно од шесте села во Алта Бадиа и тоа под Алпите е идеално за оние кои сакаат скијање, но и пријатни ресторани и варено вино.

Нагано – Јапонија

Едно од фантастичните искуства кои може да ги доживеете во текот на зимата се наоѓа во Јапонија и подразбира комбинација од несекојдневни спа центри, скијање и посета на Јигокудани паркот.

Баварија – Германија

Вистинската зимска идила започнува во Баварија, а тука ќе имате можност да видите велелепни замоци и дворци под снегот.

Аспен – Колорадо

Област идеална за скијање и лизгање, а особено забавна за личностите кои сакаат активен одмор.

Салзбург – Австрија

Ако сте љубител на музиката, секако дека во текот на зимата ви препорачуваме да го видите преубавиот Салзбург, да го посетите музејот „Тивка ноќ“ и родната куќа на Моцарт.

Кируана – Шведска

Неколку километри од Кируна се наоѓа познатиот Ice Hotel – уметничка изложба и хотел направени од свеж снег. 80 соби се отворени само во текот на зимата.

 

Рејкјавик – Исланд

Интересирањето за главниот град на Исланд е уште поголемо по снимањето на сцени во ултрапопуларната серија Game of Thrones, а во овој град може да уживате на повеќе начини – со добра забава, планинарење и бањи.

 

Прага – Чешка

Варено вино, историско-туристичка понуда на градот, празнична атмосфера, лизгање и уште многу причини ќе го направат вашиот престој во овој град незаборавен.

Прегледи:
837
Објавено на:
19.12.2018