Сокотра е остров во сoпственот на Јемен и се наоѓа во Индискиот Океан во близина на брегот на Сомалија. Тој е еден од најизолиранните острови во светот. Интензивната топлина и суша, сезонските монсуни, како и долгата изолација, придонесле да на островот се создадат флора и фауна од коишто една третина не постојат на друго место на Земјата.
Сокотра е вклучена во списокот на светското наследство на УНЕСКО. Се вели дека ако заспиете и се разбудите на Сокотра, може да помислите дека сте киднапирани од вонземјани бидејќи местото не личи како ниедно друго на планетата.
Симбол на Сокотра е Dracaena cinnabari (Змејово дрво) коешто наликува на огромна печурка или чадор. Од кората на ова дрво кога се сече почнува да тече црвен сок којшто брзо се зацврстува. Од античко време локалните жители оваа течност ја користеле за медицински, ветеринарни и козметички цели. Тие велеле дека дрвото може да ја запре оваа црвена течност за време на менструацијата кај жените.