Категории

„Злобно дрската“ party колекција на Alexander Wang

Овој викенд модната елита добро се забавуваше на ревијата на познатиот дизајнер Alexander Wang кој ја претстави својата најнова колекција во party стил. Тој успеа да ги преточи underground вибрациите на љубителите на електронската музика во секојдневни парчиња совршени за ноќни забави кои траат се до утринските часови.
За новата сезона екцентричниот дизајнер претстави мешавина „злобно дрски“ и истовремено изразено моќни креации кои во друга рака зрачат со елекганција и префинетост. Тоа може да се забележи во oversized кошулите со нагласени раменици, долгите блејзери и кожните панталони. Тука спаѓаат и долгите ноќни тоалети, ретро маици и панталони кои со сигурност ќе бидат едни од омилените помеѓу трендсетерките наредната сезона.

Прегледи:
480
Објавено на:
13.02.2017