Дали некогаш сте се запрашале зошто планетите ги имаат своите имиња и кој им ги дал тие имиња? За ова треба да им се заблагодариме на Римјаните и на римската митологија, чии богови биле “кумови“ на седумте планети на Сончевиот систем.
Римјаните петте имиња на свои богови им ги доделиле на планетите кои можеле да ги видат со голо око. Јупитер, како најголемата планета на Сончевиот систем, е именуван според врховниот бог, додека црвеникавиот Марс ги поттикна Римјаните да го наречат ова небеско тело според богот на војната.
Меркур е именуван според богот на патувањето и гласникот на боговите, а Сатурн, најстарата планета во Сончевиот систем, го доби своето име според римскиот бог на времето. За најсветлата планета на небото, Римјаните го сочувале името Венера, бидејќи ги потсетувало на божицата на љубовта и убавината.
Планетите Нептун и Уран биле откриени по откривањето на телескопот, кон почетокот на 17-от век. Астрономот Вилијам Хершел, кој го открил Уран, сакал оваа планета да ја именува Ѕвездата на Џорџ, во чест на британскиот крал Џорџ III, додека другите астрономи сугерирале планетата да биде наречена Хершел. Германскиот астроном Јохан Боде, поради бојата на планетата сметал дека истата треба да го носи името на грчкиот бог на небото. Нептун, планетата најоддалечена од Сонцето, за прв пат ја забележа германскиот астроном Јохан Готфрид Гејл во 1846 година, користејќи математички пресметки. Името го доби според римскиот бог на морето, поради својата сина боја.
Плутон, кој бил класифициран како планета во 1930 година, бил именуван според римскиот бог на подземјето, благодарение на предлогот на Венеција Бурни, единаесетгодишна девојка од Англија. За жал, Плутон оваа небесна чест ја изгуби во 2006 година, кога неговиот статус се смени во џуџеста планета.
Што се однесува до Земјата, таа е единствената планета во сончевиот систем која не е именувана според бог.