Едно дете прашало која работа на светот е најубава, а одговорот кој го добило е многу мудар
„Мојата работа е најубава!“ – рекол часовничарот. „Јас се грижам луѓето да сфатат уште колку време имаат и колку брзо им поминува.“
„Мојата работа е најубава!“ – рекол светилничарот. „Јас се трудам луѓето кои ќе се затекнат и во најлошото невреме, светлото да може да ги води.“
„Мојата работа е најубава!“ – рекол оџачарот. „Јас ги чистам оџаците за луѓето да можат безбедно да живеат во своите топли домови.“
„Мојата работа е најубава!“ – рекол пекарот. „Јас печам леб за секого без разлика.“
„Па тогаш чија работа е најубава?“ – збунето прашало детето.
„Онаа која ја работиш од срце!“