Категории

Знаете ли зошто кралот херц е единствен кој нема мустаќи, а има меч во главата?

Велат дека ѓаволот се крие во деталите.

Спротивно на популарното мислење, кралот херц не ги изгубил своите мустаќи поради печатна грешка. Имено, модерните карти за играње се засновани на приказните кои се втемелени во една легенда. Старата англиска поема раскажува приказна за крај кој имал четири сина. Како што и се доближувал на смртта, кралот направил тестамент во кој мистериозно пишувало дека „поинаквиот“ син ќе остане без својот дел од богатството и земјата. Еден од синовите немал мустаќи, по што бил поинаков – барем така вели легендата.

Исто така, само кралот херц го држи мечот над главата, а постои теорија зошто е тоа така.

Прва теорија

Кралот Срце носел секира во својата лева рака, по многу години лошо копирање на картите, кралската секира исчезнала и станала послична на меч.

Втора теорија

Кралот Срце го претставува емоционално нестабилниот Чарлс  VII,кралот на Франција. По старо верување, кралот го изгубил разумот и на самиот себе си ја пробол главата со меч поради страв од труење.

Трета теорија

Кралот Срце всушност го преставува Ајакс Велики, додека Кралицата Срце ја претставува Јелена Тројанска, најубавата жена на светот во тоа време. Ајакс бил еден од додворувачите на Хелена, но кога таа го одбила, решила да се убие така што својот сопствен нож си го зарил во главата.

Извор : makedonijadenes.com.mk

Прегледи:
397
Објавено на:
09.03.2017