Категории

Знаете ли зошто пасошите се прават само во четири бои?

Пасошот е клуч за заминување во друга земја, а можеби сте забележале зошто тие се прават само во неколку бои. Генерално, тие доаѓаат само во црвена, сина, зелена и црна боја. Овие бои се сметаат за стандардни за пасош.

Хрант Богосиан, потпретседател на маркетинг интерактивната база на пасоши „Passport index“ вели дека можно е да се направат и во некои нијанси од овие четири бои. Тој открива дека постојат повеќе причини поради кои земјите се одлучуваат за одредена боја, а обично тоа се географски и политички мотиви.

Така, членките на Европската унија ја користат темноцрвената боја, а државите од Карибите користат сини. Некои сметаат дека темноцрвената боја е дел од комунистичкото минато, а дека сините пасоши се симбол за „новиот свет“ – Северна и Јужна Америка, Океанија итн.

Кај некои земји, улогата во изборот ја игра и верата. Така, многу исламски земји ги користат зелените пасоши бидејќи се верува дека тоа била омилена боја на Мухамед.

Има нации кои ја одбираат бојата по индивидуалниот карактер и идентитетот. Американците пробале разни бои, од црвена, до зелена, а сега и сина.

Прегледи:
401
Ознаки:
· ·
Објавено на:
06.03.2016