Категории

Знајте ја својата вредност, а тогаш и другите ќе почнат да ја гледаат

Научете да се почитувате самите себеси и отфрлете го сето она што гази по вашата вредност, секој што си игра со неа.

Научете да се почитувате самите себеси така што нема да го занемарувате фактот како другите се однесуваат спрема вас. Доколку ве почитуваат и ценат ќе знаете дека тоа се луѓе кои ќе останат во вашиот живот, но доколку не го прават тоа, тоа е знак дека морате да ставите крај.
Немојте да наоѓате оправдувања за оние кои имаат лош ден и поради тоа мораат да го уништат и вашиот. Тоа се кукавици кои не умеат да си дозволат на некој друг да му е добро додека тие патат.

Научете да се почитувате самите себеси така што нема да се плашите да бидете поинакви од другите. Кој ви рекол дека морате да бидете исти? Како тоа ќе донесе било каква вредност во вашата живот? Единствено нешто што е сигурно е тоа дека тој пат води кон незадоволство.
Размислувајте за вашата цел во животот, сфатете дека не сте само случаен минувач, запрашајте се што можете да направите, кој е огнот кој гори во вашето срце, размислувајте за вашите цели и сфатете дека таму не може да ве донесе никој освен вие самите.

Научете да се почитувате самите себеси така што нема да спуштате својата цена и да им давате можност на другите да ве искористуваат и мамат.
Почнете да ја зборувате само вистината и барајте го истото и од другите.
Научете се да се почитувате самите себеси така што во вашиот живот ќе ги пуштите само луѓето кои знаат дека не сте совршени, но се однесуваат спрема вас акко да сте.

Научете да се почитувате самите себеси, а другите ќе го следат вашиот пример!

Прегледи:
490
Објавено на:
17.02.2020