Категории

Знам што значи да се сакам себеси

Знам што значи да се сакам себеси. Тоа значи наутро да се будам не размислувајќи повеќе како на светот постои некој посреќен, поубав, попаметен, помудар и подобар од мене.

Тоа значи да се гледам во огледало и не сакам да го тргнам погледот од својот одраз. Верувам во тој одраз. Воопшто не е важно дали сум нашминкан или не, не е важно како сум расположена… Едноставно му верувам на она што ми блеска и ме гори во срцето.

Знам што значи да се сакам себеси. Не чекам веќе настани, состаноци, прилики, родендени, прослави, викенди… Не чекам љубов и внимание! Си дозволувам себеси да бидам среќна денес, сега. Ги гледам минувачите право во очи, не го спуштам погледот на валканиот асфалт. Знам дека светот околу мене е прекрасен, како што бил отсекогаш.

Знам што значи да се сакам себеси. Се радувам на секој успех на блиските, далечните и останатите заборавени луѓе. Се радувам што живеат, дишат, создаваат, што успеваат и нешто постигнуваат. Затоа што нивниот успех ни најмалку не го намалува пламенот во мене.

Од тоа не станувам помалку прекрасна ниту пак помалку сакана и заштитена. Затоа што во мене постои длабочина во која има место за нивниот успех.

Знам што значи да се сакам себеси. Ги сакам дури и проблемите. Ја дочекувам секоја препрека со насмевка и смисла за хумор, сфаќајќи дека од нив расте силата и трпението.

Ја обожавам земјата, градот и улицата во која живеам. Го обожавам погледот од прозорот, минувачите. Дури и оние, депресивните. Бидејќи и тие, како и јас, еден ден ќе научат да се сакаат себеси.

Прегледи:
575
Објавено на:
23.09.2021