Категории

Знаци кои откриваат дека сте зависни од патувања

Секој од нас има некое тајно задоволство. Некои се зависни од нови чевли, или најновиот модел на некој паметен телефон кој и онака ќе го замени за една година.. А некои едноставно сакаат – да патуваат.

Патувањето е една од оние инвестиции кои ќе ги паметите целиот живот, додека сите други материјални нешта ги заборавате и не ви се повеќе интересни.

1.Константно размислувате за наредното патување
2.Повеќе се возбудувате кога ќе чуете за патувања отколку за било што друго
3.Пребарувате линкови за авионски карти барем еднаш неделно
4.Поминувате часови и часови сурфајќи по туристичките сајтови и блогови
5.Нестрпливи сте помеѓу периодот на две патувања
6.Некаде во собата имате монети од барем 3 различни валути
7.Не можете да се замислите себеси во еден град целиот живот
8.Нити на година дена
9.Немате ништо против „плакар во куфер“
10.Баш поради тоа сте стручњак за пакување куфери
11.Речиси никогаш не се распакувате до крај, секогаш сте спремни за следно патување
12.Можете да спиете било каде
13.Ништо не ве прави толку среќни колку патувањата
14.Го планирате следното патување додека сте сеуште на патување
15.Постојано се грижите дека нема да имате доволно време да разгледате се што сакате да видите
16.Сите пари ги трошите на преживување и патување
17.Вашата bucket листа содржи 99% од градовите во светот
18.Вашата соба е прекриена со светски карти
19.Верувате во тоа дека човек на патување не може да се загуби
20.Не се врзувате за многу нешта затоа што знаете дека нема да бидете на едно место долго време

Прегледи:
638
Објавено на:
21.10.2020