Шминката со поминат рок може сериозно да му наштети на вашето здравје, бидете внимателни.
Како и храната, шминката со поминат рок е „гнездо“ за бактерии. Сигурни сме дека секоја дама во својот несесер поседува барем неколку продукти со поминат рок. Било да е тоа бидејќи сте го купиле на попуст или едноставно сте го купиле импулсивно. Да не ги спомнуваме сенките за очи во две бои кои едвај сте имале шанса да ги употребите два пати. Но зошто морате да се ослободите од сите тие продукти? Иако понекогаш нема јасни знаци дека рокот на вашата шминка истекол како на пример кај маскарата која веќе се згрутчила, морате да престанете да ги чувате во вашиот несесер.
Како и храната, шминките имаат рок на траење а нивната употреба откако рокот ќе истече може сериозно да наштети на вашето здравје. Бактериите можат да предизвикаат инфекции на очите, алерија на кожата и многу други проблеми.
Ова е просечното времетраење во кое можете да ги употребувате вашите продукти за шминка:
-Пудра во прав и сенки за очи: 2 години
-Кремасти сенки за очи: 12-18 месеци
-Течна пудра: 1 година
-Кармин и молив за уста: 1 година
-Маскара и туш за очи: Максимум 3 месеци