Категории

Знаци преку кои телото ви сигнализира дека му недостасува ЦИНК

Цинкот игра важна улога во нашето тело. Тој е важен за нашето либидо и имунолошки систем, но и за одржување на здравјето на кожата, косата, забите и ноктите, поради што луѓето понекогаш го нарекуваат „минерал за убавина“.

Недостатокот на цинк може да ви направи големи проблеми, па затоа е важно навреме да ги препознаете симптомите кои сигнализираат дека е на средина.

Симптоми на недостаток на цинк
Ако имате некој од следниве здравствени проблеми, големи се шансите да ви недостасува цинк:

  • губење на косата;
  • потемнување на забите;
  • чир на устата;
  • акни;
  • слабеење на коските.

Секако, доколку забележите некој од овие симптоми, консултирајте се со лекар за да ви даде вистинска дијагноза за вашиот здравствен проблем, па дури потоа, според неговите упатства, започнете со соодветната терапија. Во меѓувреме, секако можете да работите на спречување на овој проблем со менување на навиките во исхраната.

Која храна содржи многу цинк?
Ако сакате да го зголемите внесот на цинк, обидете се да јадете повеќе од следниве намирници, но истовремено избегнувајте да пиете алкохол, бидејќи ја спречува апсорпцијата на цинкот:

остриги;
црвено месо;
тофу;
житарки од цело зрно;
Млечни производи;
семиња;
ореви;
темно чоколадо.

Прегледи:
676
Објавено на:
15.03.2022