За Девицата љубовта е лична. Бидејќи постојано овој знак се критикува себеси и другите, кога ќе наиде саканата личност, иако чувствува пеперутки во стомакот, наместо да ја гушне, поверојатно е да даде саркастичен коментар или игривно да го удри по рака. Девицата се плаши дека ако се препушти на љубовта, ќе се изгуби себеси.
Вагата љубовта ја вади од рамнотежа. Таа ги цени уметноста, убавината и хармонијата. Сака сите да се среќни и да се забавуваат. Таа постојано ја искажува љубовта со обмислени гестови и емотивни допири, и се чувствува како срцето да и е посебен ентитет.
За Скорпијата, љубовта руши се пред себе. Таа сака да има голем и храбар живот, и љуби бестрашно. Љубовта и сите емоции ги чувствува многу длабоко и има тенденција да се однесува посесивно кон луѓето во кои е заљубена.
За Стрелецот љубовта е самооткривање. Тој е паметен, ентузијаст и современ. Секогаш е страсен, па кога е заљубен, чувствува како таа страст се мултиплицира. Најсреќен е кога и удоволува на својата сакана личност.
За Јарецот љубовта е бескрајна мисија. Јарците можат да бидат строги и премногу одговорни. Кога се заљубени, чувствувате како вие да треба да направите љубовта да успее од сите аспекти. Кога љубите, тоа го правите со намера љубовта да трае вечно и ќе направите се за да биде така. Но сепак треба да поделите дел од одговорностите и со вашиот партнер.
Водолијата љубовта ја начекува неподготвена. Овој знак сака да го спасува светот, па понекогаш толку се занесува во хуманитарни работи што заборава на своето срце. Љубовта обично ја наоѓа Водолијата кога таа не ја бара. Кога е заљубена, и се врти и и се превртува стомакот (но во позитивна смисла). Се и се чини ново, како со партнерот да учи нов танц.
За Рибите љубовта е безнадежна предаденост. Тие имаат многу чувства и секогаш мислат на другите. Кога се заљубени, посветени се на личноста што ја сакаат. Се чувствуваат занесено и како некој навистина да ги разбира.
1 2