По зимската пауза, теренот во Зоолошка градина Скопје веќе се подготвува со брзо темпо, одговорно и сериозно за пролетната сезона.
По посетата на неколку Зоолошки градини низ Европа, директорот Ѓорги Галетановски се врати на работните обврски и најави дека оваа пролет Зоолошката ќе блесне во вистинско светло, токму онака како што и доликува на една зоолошка градина по европски стандарди.
Во телефонскиот разговор со него во кој го запрашавме што подготвуваат за претстојната сезона, а тој ни одговори дека сериозно пристапуваат кон средувањето на живеалиштата како и чистењето на големото езеро. Додаде и дека посетителите може да очекуваат и нови животни напролет, па поради тоа се работи напорно сѐ да биде подготвено дотогаш. Исто така, Дино паркот е новитет со кој Скопје за прв пат ќе се запознае.
„Можеби ќе звучам нескромно, но мислам дека во април и мај поради сите планови кои ќе бидат реализирани, ќе ги срушиме и досегашните сопствени рекорди на посетеност“, се изјасни на крајот од разговорот директорот Галетановски.
Поради успешната досегашна работа откако на чело на Зоолошка градина Скопје е поставен директорот Галетановски не постои сомнеж дека нѐ очекуваат уште многу успешни проекти и изненадувања за посетителите чиј број расте постојано.