Германскиот теоретски физичар и Нобеловец, Алберт Ајнштајн, е еден од најгенијалните умови кои некогаш живееле. Тој е заслужен за откривање на теорија на релативноста и теоријата за еднаквост на масата и енергијата, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект. Но не било секогаш така.
На почетокот на 1905 година, Алберт Ајнштајн е непопзнат физичар, кој во следните 12 месеци објавува 4 особено значајни научни трудови, секој од нив со свој удел во нашето сфаќање за Универзумот денес. Додека секој научник би бил задоволен со успешно совладување на барем една од овие 4 идеи, Ајнштајн успева тоа да го направи при истражување на големи прашања, како постоењето на атомите, релативноста, фотоните и еквивалентоста помеѓу масата и енергијата(теорија која од која произлегува познатата равенка E=mc2 ).
Ваквите теории во периодот на неговите истражувања биле спротивни од верувањата кои владеат во 1905, каде постоењето на фотоните, односно локализирани честички преку кои се пренесува светлината, односно хипотезата за таканаречениот фотоелектричен ефект, не е широко прифатено во следните дваесетина години.
Денес, Ајнштајновите истражувања се особено значајни за воспоставувањето на корпускуларно-брановиот дуализам, својство на честицата да покаже својства и на честичката и на брановите.
Ајнштајн не застанува тука, и во својата следна публикација, во мај1905, го засегнува прашањето поврзано со ѕоа дали атомите навистина постојат – нешто кое научниот свет го дебатирало со векови. Тука, тој го објаснува феноменот на Брауновото движење, односно движењето на мали честичкик во течност, како доказ за постоењето на атомите.
Подоцнежните експерименти само ја потврдуваат точноста на Ајнштајновите теории.
Следно, во јуни 1905, тој ја замислува својата најпозната, револуционерна специјална теорија на релативноста, како начин да ја запре дебатата околу тоа дали апсолутно движење може да се дефинира. Неговото исклучително решение единствено се применува во одредени случаеви, па оттаму и специјална теорија на релативност, каде се претпоставува дека брзината на светлината е константна додека времето и просторот се релативни за набљудувачот.
Едноставна аналогија би била со брод на отворено море додека некој гледа од пристаништето. Ако капетанот фрли камен од врвот на јарболот, за него движењето е право удолу и пристигнува на крајот на јарболот, но за набљудувачот од пристаништето, истото изгледа како да се движи под определен агол.
Ваквата аналогија, првично создадена од Галилео Галилеј во 1632 е пример за феноменот познат како Гелилеевата релативност – идејата дека апсолутно движење не може да се дефинира.
Сепак, Ајнштајн имал проблем со ваквото гледиште, бидејќи веќе е утврдено дека брзината на светлината е константна вредност, така што да се замени каменот со емисија на светлосни честички ја поништува оваа хипотеза. Бидејќи брзината на светлината е константна вредност, светлината пристигнува на површината за капетанот и набљудувачот во исто време, но за оној кој гледа од пристаништето, светлината патува поголем пат.
Тогаш Ајнштајн решава дека времето и просторот може да се прошират, и благодарение на ваквата идеја за специјална релативност имаме GPS сателити.
На крај, Ајнштај објавува уште еден документ во септември 1905, каде додава уште неколку факти околу специјалната теоријата за релативност. Имено, по подолго размислување, тој сфаќа дека ваквата теорија условува постојана врска меѓу масата и енергијата: E=mc2
Револуционерните ставови на Ајнштајн го имаат обликувано начинот на кој современото општество го сфаќа Универзумот како целост и од тие прични тој се смета за еден од најголемите умови во историјата на човештвото.