Категории

Зошто браковите се несреќни и зошто луѓето не ве сакаат: Длабока индиска мудрост

„Љубовта само може да се дава, а не да се бара.“

„Вие сакате некој да ве сака, и ако некој ве сака, вие се чувствувате добро. Но тоа што не го знаете е дека другите ве сакаат само затоа што тие сакаат и вие да ги сакате нив. Тоа е исто како кога некој фрла мамец за риби: Тој не го фрла за рибите да го јадат, туку за да ги улови.“

Тој не сака да им даде храна на рибите, тој го прави тоа затоа што сака да ги улови.

Сите луѓе кои ги гледате наоколу и се заљубени, тие всушност само фрлаат мамец за да фатат љубов. Тие само ќе го фрлат мамецот за миг додека другата личност не почне да чувствува дека тука постои можност да добие љубов. Тогаш и тој ќе покаже љубов, се додека и двата не сфатат дека се просјаци.

Тие направиле грешка: Секој мислел дека другата личност е идеалната.
Во некој миг и двата ќе сфатат дека не добиле љубов од другиот, а тогаш настануваат непријателствата. Поради тоа се мисли дека во брачниот живот е пекол, затоа што сите сакате љубов, но не знаете како да ја дадете. Тоа се основните причини за расправии.
Се додека не се случи она за кое ви зборувам, односите помеѓу мажот и жената никогаш нема да бидат хармонични, без оглед на тоа какво усогласување и компромиси прават, без оглед на тоа каков брак имаат, без оглед на тоа какви правила им се наметнуваат.

Единствен начин односот да стане подобар е да сфатат дека љубовта само може да се дава, а не да се бара.
Таа единствено може да се дава.
Било што да примите е благослов, тоа не е награда за љубов. Љубовта се дава и се што примате е само благослов, тоа не е награда.
Дури и ако не примите ништо, вие сте секогаш среќни затоа што сте биле во можност да дадете. “

-ОШО

Прегледи:
448
Објавено на:
07.01.2020