Категории

Зошто да ги жалите другите ако тие не ве жалат вас? – Не трошете го своето време залудно

Нека не ве интересира што прават другите, не се занимавајте со туѓите победи и порази, не гледајте ги туѓите грешки. Единствено што можете да направите е да бидете самите на себе пример.

Светот, за жал е место во кое секој ги гледа своите интереси.
Сигурно барем еднаш сте сретнале личност или некаде сте прочитале дека едно од најважните нешта кои ќе ги научите во животот е да не го трошите своето време и енергија на луѓе кои не можете да ги усреќите. И во право се – никому не му пошло од рака, па нема ни вам!

Не губете премногу време трудејќи се да му бидете се на секого. Таа желба се граничи со лудило, затоа што на крајот ќе им станете непријател на сите, а најмногу на самите себеси. Не обидувајте се да изградите идол, не треба да бидете нечиј споменик.
Единствено што можете да направите е да бидете некој во чие присуство луѓето се чувствуваат добро затоа што забележуваат дека ги цените, почитувате, охрабрувате и бидете задоволни со тоа.

Научете да не го трошите времето и енергијата на барање на своите права во светот. На хартија и во декларацијата се убаво пишува, но реалноста е многу по сурова.
Немојте да се сожалувате над секого и да се грижите за туѓите грижи. Дали некој ве жали вас? Светот е место во кое секој ги гледа сопствените интереси.Она што мислите дека можете да го добиете, прво морате да го дадете, а потоа во прашање е кога ќе го добиете тоа што ви треба и што го сакате.

Кога ќе го насочите своето време и енергија на создавање на место каде што ваш приоритет ќе ви биде вашиот сопствен мир, ќе видите дека е подобро да се откажете од се останато. Научете да не го трошите времето и енергијата на мислењата на другите луѓе. Дали ве прашуваат тие за ваше мислење, дали гледаат што вие сакате, внимаваат ли на вашите чувства?

Не е себичност ако сакате да се заштитите себеси од емоционалните и менталните грабливци на овој свет, тоа е закон на преживувањето како човек, вашата желба е од животот да го имате она достоинство кое ви припаѓа и оној мир со кој секој ден ќе се будите радосно и ќе чекорите спрема сопствените цели.

Нека не ве интересира што прават другите, не се занимавајте со туѓите победи и порази, не гледајте ги туѓите грешки. Единствено што можете да направите е да бидете самите на себеси пример.

Прегледи:
712
Објавено на:
02.02.2020