Категории

Зошто да користите ББ крема наместо пудра?

ББ кремите – или по конкретно кажано, пигментирани креми кои го изедначуваат тенот, ги покриваат несовршеностите и воедно ја хидратираат кожата и ја прават да изгледа здраво и свежо, станаа едни од нај побаруваните козметички производи на пазарот. Тие полека почнаа да ги фрлаат во сенка пудрите за лице поради тоа што изгледаат многу по природно, нудат соодветна заштита на кожата од сончевото зрачење, спречуваат појава на брчки и не ги затвораат порите..
ББ кремите претставуваат мешавина од хибрид крема и пудра која ја осмислија германските дерматолози со цел да и се даде на кожата потребната хидратација но и таа да изгледа рамномерно и изедначено со природниот тен.

ББ кремите се состојат од комбинација од хидратантна крема каква што сите секојдневно користиме како основна храна за кожата на лицето, пигмент или пудра во боја на природниот тен и состојки кои служат како заштитен фактор од сончевите зраци. ББ кремите исто така содржат и витамини А,Е и Ц кои и се неопходни на кожата за таа да изгледа здраво и негувано.
Денес пазарот нуди голем избор на ББ креми според различниот тип на кожа, постојат ББ креми за сува кожа со зголемена хидратација, матирачки ББ креми за комбинирана до масна кожа кои ги нормализираат деловите кои лачат вишок себум, според што покрај многуте предности кои ги имаат за разлика од класичните пудри за лице, ББ кремите се дефинитивно нивна одлична замена што е причината за нивната огромна популарност. Доколку се прашувате зошто моделите секогаш имаат убава блескава кожа, ви ја откривме тајната.

Прегледи:
1319
Објавено на:
17.03.2017