Категории

Зошто е 13. октомври најмоќниот ден во годината? Сѐ што ќе посакате ќе ви се оствари ако го направите ова!

Секстилот на Венера и Сатурн кој се случува, денес, 13. октомври носи среќа на сите полиња. Многумина кои се осамени сонуваат за љубов, ја посакуваат, но тоа мора да биде искрена и чиста љубов. 

Нови врски се можни, но тоа нема да бидат авантури за една ноќ, туку за почеток на сериозна романса која може да донесе нешто магично и прекрасно. Овој аспект е честопати поврзан за парови кај кои постои разлика во години, па можно е да ве привлече некој постар или помлад.

Оние кои се веќе во врска ќе бараат сигурност со постоечкиот партнер. Ќе бараат поголема посветеност во односот, но и нежност и романтика. Паровите кои неодамна имале конфликти, сега ги очекуваат среќни денови.

Астролозите истакнуваат дека за време на овој транзит добро е да се вложува во недвижности. Ова е добар аспект за почнување на нова работа или изработка на план за штедење.

За да ја искористите максимално оваа магична енергија на секстилот на Венера и Сатурн, размислете што ви е важно и што ви е моментално приоритет. Направете добар план, сите желби напишете ги на една хартија. Не ја губете од вид целта која сте ја поставиле денес.

Освен тоа, важно е да го слушате внатрешниот глас и да верувате во текот кој ви ја покажува интуицијата. Понекогаш она што го чувствуваме однатре е поважно од надворешноста. Пратете ги знаците!