Категории

Зошто е важно да пиете вода за време и после тренинг?

Многу луѓе мислат дека е погрешно да пијат вода за време на тренинг, но професионалните спортисти тврдат поинаку.

Ако не пиете доволно вода вашето тело може да ја замени жедта со гладот и потребата да јадете. Ако не пиете вода за време на тренингот, а после тренингот се чувствувате гладно вашето тело, најверојатно, треба вода.
Дури и да изгубите еден или два проценти вода ќе почнете да ги почувствувате последиците како што се недостаток на фокус и замор.

Иако е веќе познато дека после вежбање мускулите се воспалуваат, многу е важно да се истакне дека ова воспаление трае подолго ако не консумирате доволно вода.
Научниците тврдат дека ако изгубите само пет отсто од течноста, ефектот на вежбањето ќе се намали за дури 30 отсто.

Прегледи:
697
Објавено на:
15.11.2018