Категории

Зошто е важно секогаш да внесуваме доволно вода во организмот?

Водата е најважната хранлива материја и адекватното внесување на вода е неопходен дел од здравата исхрана со обзир на бројните функции кои водата ги има во нашиот организам. 

Како да ја изберете адекватната вода и кој вид на вода се препорачува за хидратација?

За хидратација се препорачува секоја хигиенска и здравствено исправна вода – од водата од јавниот водовод до нискоминералните флаширани води. Светската здравствена организација сугерира дека просечната жена треба да внесува 2.2 литри вода дневно, а просечниот маж 2.5 литри.

Личностите кои се занимаваат со спорт или имаат зголемена физичка активност мораат посебно да обратат внимание на хидратацијата. 

Поради зголемениот степен на потење, особено на повисоки температури, се препорачува зголемено внесување на течности во склад со губењето на истите. Најдобро е да се надокнадат онолку течности колку што губиме, што лесно може да се утврди според разликата во телесната тежина пред и после вежбање. Течноста треба да се внесува пред, непосредно и по физичката активност на секои 10 до 15 минути. Во овие околности треба да се избегнуваат газирани напитоци и алкохол.

 

Прегледи:
459
Објавено на:
07.06.2018