Категории

Зошто го носиме часовникот на левата рака а не на десната?

Речиси секоја личност на светот го носи часовникот на левата рака, но како настанала таа навика? Зошто се носи баш така? Откријте..

Уште од минатото, џепните часовници биле доста модерни и се користеле насекаде ширум светот. Оваа навика никогаш не изумрела и дури ден-денес може да се види како луѓето го носат, било да е традиција останата од семејството или поради својата ефикасност.

Ова бил единствен начин луѓето да носат часовник затоа што тогаш немало рачни часовници.

Но постои еден детал кој не може да не се забележи – го ставале во левиот џеб.
Таа навика продолжела да се применува дури и многу години подоцна, кога биле создадени рачните часовници во разни величини и дизајни.

Првата личност која го носела рачниот часовник, го ставила на левата рака, но зошто баш на таа страна? Вистинската причина била доста ефикасна и го олеснила животот на многу луѓе кои го носеле.

Голем дел од луѓето на светот се деснораки, па се чини дека таков бил и човекот кој за прв пат почнал да го носи часовникот. Познато е дека десната рака е „подоминантна“ од левата и со самото тоа е позафатена.

Додека десната рака е активна, левата рака е слободна да се провери колку е часот. Исто така, бидејќи левата рака се користи помалце, помали се шансите тој да се изгребе или оштети.

 

Прегледи:
1002
Објавено на:
26.10.2020